Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт. За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева.
Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште.
СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!
Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство.
На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!, вели Грчева.