ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На 60% обработени податоци: Силјановска Давкова со 130.000 гласови пред Пендаровски

На 60% обработени податоци: Силјановска Давкова со 130.000 гласови пред Пендаровски

318

На пребројани 60.89% од гласачките места, Силјановска Давкова освоила 44,48% од гласовите, а Пендаровски 20,84%.

Двојна предност на Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски.

Имено, на 60% обработени податоци од гласачките места, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има 130.000 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ.

На пребројани 60.89% од гласачките места, Силјановска Давкова освоила 44,48% од гласовите, а Пендаровски 20,84%.

Бујар Османи од овие гласови освоил 10,56%.

Зад нив е Максим Димитриевски со освоени 8,72% од овие гласови, а по него е Арбен Таравари со 7,05%.

Билјана Ванковска, на пребројаните гласови освоила 4,83%, а Стевчо Јакимовски 1,02%.

Неважечки ливчиња се 2,51%.

ПретходнаМилошоски: Победа во Струмица по 20 години
СледнаНиколоски: Силјановска води со 140 илјади гласови, не е паметно Османи да повикува на бојкот