ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мисајловски: Нема да има заборавени, ќе се вложува и инвестира во секое...

Мисајловски: Нема да има заборавени, ќе се вложува и инвестира во секое населено место

52

-Во Горно Оризари ќе има многу проекти и на жителите овде ќе им овозможиме нормални и подобри услови за живот. Промените во твои раце. Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски денес е во посета на општина Шуто Оризари.

Тој прво испрати порака од кафе дружбата со пријателите во Шутка, а со него во придружба беше и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Продолживме на средба со граѓаните на Горно Оризари, Општина Шуто Оризари и посета на црквата Св.Петка. Граѓаните на Горно Оризари живеат во лоши услови, локалната и централната власт без слух за нивните проблеми и барања, оставени сами на себе. Затоа со нивната поддршка и победата на ВМРО-ДПМНЕ на 8ми мај, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жителите заедно ќе ги решаваме, напиша Мисајловски.

Тој порача дека нема да има заборавени места, ќе се вложува и инвестира во секое населено место.

-Во Горно Оризари ќе има многу проекти и на жителите овде ќе им овозможиме нормални и подобри услови за живот. Промените во твои раце. Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.