ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Во МРТ се снима предизборното соочување со сите кандидати за шеф...

(ФОТО) Во МРТ се снима предизборното соочување со сите кандидати за шеф на државата

106

Во јавниот сервис во моментов се снима предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата. Дебатата ќе се емитува вечерва од 20 часот на МРТ 1. Во рамките на овој текст, објавуваме и неколку фотографии од снимањето.

Како што објавивме вчера, сите претседателски кандидати ја прифатиле поканата за учество во дебатата: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски и Максим Димитриевски.

Домаќин е Стојан Трпчевски, уредник на Информативната програма на МРТ 1.

„Привршуваат собирите и митинзите на кандидатите за шеф на државата. Тие си го кажаа своето пред нивното членство и пред активистите. Но, што имаат да си кажат еден со друг, дирекно, очи в очи. Македонската телевизија упати покана до сите седум претенденти за кабинетот во Вила Водно“, се наведува во објавата на интернет-страницата на МРТ.