ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја започнува кампањата со митинг во Охрид. Во посета на градот денеска беше претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој истакна дека тие ќе водат позитивна кампања, кампања на понуда на проекти и кампања која ќе ја врати надежта кај граѓаните. Мицкоски се осврна на ветувањата во делот на инфраструктурата.
Тој кажа дека имаат план за завршување на автопатот Кичево – Охрид до 2026 година.
Опозицискиот лидер најави две милијарди евра инвестиции во инфраструктурата и релоцирање на буџетски средства во износ од 250 милиони евра кон општините на годишно ниво.