ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија

Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија

22

Србите најголеми сојузници, Бугарите најголема закана.

И според последната анкета на Меѓународниот републикански институт, најголем број од македонските граѓани или 34% и натаму најголем пријател гледаат во Србија, по што следуваат САД за кои се определиле 17%, за Турција 12%, за Русија 8% и за Албанија 5% од македонските граѓани.

За 23% од анкетираните, Бугарија е најголема закана за земјава, на второ место е Русија со 12%, на трето Косово со 10%, на четврто Албанија со 9% и на петто САД со 8%.

Иако континуирано опаѓа, поддршката за влез во Европската Унија и натаму е висока. Сепак, речиси 50% од граѓаните сметаат дека унијата нема сериозна намера да ги отвори вратите за земјава.

Покрај Македонија, истражувањето ја мери поддршката за Унијата и во Србија, БиХ, Албанија, Косово и Црна Гора.

Истражувањето на ИРИ е спроведено до 2 февруари до 5 март, на репрезентативен примерок од 1.220 испитаници од Македонија. На ниво на целиот регион со анкетата биле опфатени над 7000 испитаници.

ПретходнаМицкоски вети: Завршување на автопатот Кичево-Охрид до 2026 година
СледнаИзраел со ракети го нападна Иран