Тажни вести повторно од семејството на Синиша Михајловиќ денеска.
Имено, сопругата на прерано починатиот српски ас и легенда на балканскиот фудбал, Аријана, соопшти дека починал татко и.
Неколку часа по објавата дека овој свет го напуштил нејзиниот татко, таа сподели фотографија со него на социјалните мрежи „Чао татко!“.
Ова е секако нов и сериозен удар за семејството на Михајловиќ, само три дена откако прославија принова во семејството.