ПОЧЕТНА СВЕТ Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

96

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор продолжува, полицијата и жандармеријата го пребаруваат просторот од село Злот до село Шумраковац каде има неколку депонии и резервоари со вода.

Еден од осомничените за убиството на сослушувањето признал дека го преместил телото, што ја отежнува работата на полицијата.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај, а во потрагата од Злот до Шумраковац се вклучиле и 50 припадници на Жандармеријата.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.

По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапсила двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои биле спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар, а им била одредена мерка притвор до 30 дена. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.

ПретходнаМицкоски: Стево да одговори, диктатот кој доаѓа од Речица,е прифатлив ли како бугарскиот диктат
СледнаГенерален штрајк на приватни специјализанти