ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го отфрлија условот од ДУИ за избор...

И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го отфрлија условот од ДУИ за избор на претседател во Собранието

130

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија условот на ДУИ да ги добија гласовите за својот претседателски кандидат во вториот круг, како замена за новиот избор на шефот на државата да биде биран во Собранието по Бадентеров принцип.

– Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, порача вчера Аратна Груби.

Од СДСМ изјавија дека претседателот се бира и ќе се бира на непосредни избори. И штабот на Пендаровски утрово во писмено соопштение се произнесе дека не го прифаќа условот на ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Груби.

ПретходнаДва дена лежел мртов во кабината од камионот: Возачот Дејан Д. пронајден починат во својот камион во Швајцарија
СледнаМицкоски дециден: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание