ПОЧЕТНА СВЕТ (Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: Мојот син не е виновен,...

(Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: Мојот син не е виновен, некој го намести

55

Повеќе од две недели откако беше пријавена за исчезната, телото на двегодишната Данка Илиќ, сè уште не е пронајдено.

Истрагата на српската полиција покажа дека двајца работници на српски Водовод го фрлиле телото од автомобилот на депонија, но еден од нив подоцна, најверојатно со помош на членовите на семејството, го преместил телото, а не сака да каже на полицијата каде.

На распит беа донесени братот и таткото на убиецот Дејан Драгијевиќ. Таткото е приведен, а неговиот брат Далибор почина од срцев удар, јавуваат српските медиуми. Мајката на убиецот, Светлана Драгијевиќ, по вчерашниот погреб на нејзиниот син првпат во јавноста проговори за случајот за Информер.

– Некој друг го направи тоа, па го намести. Се плашам од полицијата и од сите, само ме сликаат! Сите дојдоа, изнесоа секакви работи, имам седум документи имам. Ја зедоа моторната пила, беа во бели одела и земаа брисеви, беа од 10 до три и пол сабајле, имам се во документите, рече Светлана цело време повторувајќи дека се плаши да не остане сама.

– Сама одам во амбуланта, доаѓаат од Итна помош да ми измерат притисок. Соседите доаѓаат да седат кај мене навечер, се плашам да бидам сама поради новинарите, само ме сликаат и пишуваат. Утре одам на гробишта. Мислам дека мојот син не е виновен, но не знам ништо. Немам никаков контакт со него, не знам ни како призна Дејан, тоа е местенка, кажа таа.

Да потсетиме, Данка Илиќ од Бор исчезна на 26 март, а на 4 април српскиот МУП официјално објави дека девојчето е убиено. Се сомнева дека со автомобил ја удриле Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50). После тоа, наводно претпоставиле дека девојчето е мртво и ја ставиле во автомобилот, а кога сфатиле дека е се уште жива, ја задавиле и и го фрлиле телото.

ПретходнаДино Мерлин со Брза помош пренесен во болница, му се слошило додека бил во неговиот дуќан во Сараево
СледнаТешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип