ПОЧЕТНА СВЕТ Дино Мерлин со Брза помош пренесен во болница, му се слошило додека...

Дино Мерлин со Брза помош пренесен во болница, му се слошило додека бил во неговиот дуќан во Сараево

141

На познатиот пејач Дино Мерлин му се слошило во центарот на Сараево и веднаш била повикана Брза помош, па итно бил пренесен во болница, пренесуваат медиумите од регионот.

Според очевидци, итната помош дошла во неговиот дуќан лоциран на Башчаршија и го однела пејачот до возилото, јавува 24сата.хр. Како што рекле очевидците, пејачот едвај одел.

„Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница”, рекол еден од очевидците.

Како што неофицијално дознава 24сата.хр, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот, но пејачот е надвор од животна опасност. Пејачот бил придружуван од ќерката Наида, која синоќа го придружувала до Брзата помош.

ПретходнаОџата во Арачиново доби мерцедес за подарок за Рамазан
Следна(Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: Мојот син не е виновен, некој го намести