ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Оџата во Арачиново доби мерцедес за подарок за Рамазан

Оџата во Арачиново доби мерцедес за подарок за Рамазан

31

На видео кое на социјални мрежи го објави тетовасот се гледа како се врачуваат клучевите од подарок бел мерцедес.

Наведено е дека станува збор за оџа од Арачиново кој луксузното возило го добил како подарок за верската служба во една од џамиите во селото.

Откако ќе го добие подарокот, оџата се заблагодарува на присутните кои му аплаудираат. Рамазан Бајрам е тридневен верски празник кој почна вчера и е посветен на месецот на светата книга Куранот. По традиција, муслимаските верници за овој празник помагаат на сиромашни и на сирачиња поради што во ФБ постот коментарите се дека ваква постапка на подарување мерцедес не соодвествува со потребите на граѓаните.

ПретходнаИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени
СледнаДино Мерлин со Брза помош пренесен во болница, му се слошило додека бил во неговиот дуќан во Сараево