ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗДРЖА: Почина жената во која пукаше македонски државјанин во Прешево

НЕ ИЗДРЖА: Почина жената во која пукаше македонски државјанин во Прешево

750

-Пациентката В.Ј. (30) која на 8. март поради повреди добиени од огнено оружје, од Врање беше донесна во УКЦ во Ниш, и после хируршките зафати беше хоспитализирана на Клиниката за анестезија, и после сите напори на лекарите од нишкиот универзитетски клинички центар, вчера им подлегна на повредите, јавуваат од УКЦ Ниш.

Почина жената која на 8 март беше ранета во пукање на патарина во Прешево од страна на македонски државјанин. В.Ј.(30) се возела во „Ауди“ со македонски регистарски таблички, а во еден момент излегла од возилото и почнала да бега. При ова мажот излегол и испукал неколку куршуми, по што се самоубил.