ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ковачевски: Во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100...

Ковачевски: Во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100 евра а минималната плата 600 евра

45

„Ве гледам во толку голем број вечерва и среќен сум, затоа што знам колку силно верувате во нашата заедничка визија за европска Македонија. Не само визија, ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година“, изјави претседателот на СДСМ на митинг на претседателот Стево Пендаровски во општина Аеродром.

Тој додаде дека тоа прашањето на претседателските и на парламентарните избори.

„Кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија? Со кого е можен напредок и членство во ЕУ а со кого е можно само враќање назад во минатото? Тоа изборот пред граѓаните“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека со СДСМ има надеж за подобра европска иднина со СДСМ додека со ВМРО-ДПМНЕ има безнадежност и враќање назад во изолација.

„Ние работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на криза со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека е тешко, дека граѓаните се уште се борат со високите цени, со секојдневието. Затоа во новата програма, во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100 евра а минималната плата 600 евра.“ потенцираше Ковачевски.

Тој посочи дека просечната пензија ќе биде 30.000 денари а минималната пензија 20.000 денари.

ПретходнаТри хороскопски знаци на кои им се смешка неочекуваното богатство
СледнаВанковска: Да се укинат Охридскиот, Преспанскиот и бугарскиот договор, нè влечат надолу