ПОЧЕТНА СВЕТ Дачиќ: Јас сум за смртна казна

Дачиќ: Јас сум за смртна казна

114

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека референдум за враќање на смртната казна во Србија „можеби би поминал“, но смета дека за тоа е потребно да се иницира менување на уставот.

„Јас навистина сум за смртна казна, но мислам дека е тешко да се дојде до тоа. Единствено ако одиме на промена на уставот. Дали е тоа реално или не, за тоа е потребна промена на уставот“, кажа Дачиќ коментирајќи го предлогот на претседателот Александар Вучиќ за воведување смртна казна за најтешките кривични дела.

Зборувајќи за осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, истакна дека „на таквите монструми и злосторници некој треба да им пресуди“.

„Мислам дека обичните луѓе би ги задавиле со раце. Тука сега се поставува прашањето, ако одиме на смртна казна, прво мораме да го смениме уставот“, истакна Дачиќ. Тој потсети дека последната смртна казна во Србија е извршена во 1992 година.