ПОЧЕТНА СВЕТ ШОК: На објавеното видео најверојатно е исчезнатата Данка Илиќ – потврди полицијата...

ШОК: На објавеното видео најверојатно е исчезнатата Данка Илиќ – потврди полицијата во Австрија

520

Австриската полиција денеска соопшти за видео кое е направено на трамвајска станица во Виена, на кое се верува дека ја прикажува малата Данка Илиќ, која исчезна кај Бор на 26 март.

Според соопштението на австриската полиција, голема е веројатноста на видеото да е двегодишната Данка.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по налог на јавниот обвинител бара објавување на снимките“, беше соопштено.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени на видеото со девојката веднаш да се обратат во полиција.

Потсетуваме, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор и оттогаш по неа се вршат интензивни трагања.

На 30 март, жител на Виена, по потекло од Балканот, на трамвајска станица снимил девојче кое изгледа како малата Данка придружено од две непознати жени, најверојатно романски државјани. После тоа беше издаден жолт налог за претрес на Интерпол, а во потрагата по исчезнатото српско девојче веднаш се вклучи и криминалистичката полиција на Австрија.

Откако австриската полиција објави дека на видеото од Виена најверојатно се гледа исчезнатата Данка, сега објавија и фотографии од жените на видеото.

Исто така, австриската полиција апелираше до сите граѓани кои ги виделе овие две жени веднаш да се обратат до надлежните.

ПретходнаБојмацалиев: Лекарот не е убиен во автомобилот во кој е пронајден, бил донесен во него
СледнаМаксим Димитриевски ја започнува кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“