![dik-izbori](https://citaj.mk/wp-content/uploads/2024/03/dik-izbori.png)
Финишира процесот за промоција на кандидатските листи за пратеници од страна на учесниците на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Согласно роковникот за подготовка на изборите, на 2 април на полноќ истекува рокот за нивно поднесување до Државната изборна комисија.
Изминатиот викенд промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и Коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.