ПОЧЕТНА СВЕТ Сообраќајот на граничните премини ќе биде во прекин – штрајк на грчките...

Сообраќајот на граничните премини ќе биде во прекин – штрајк на грчките цариници

46

Утре и задутре ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и кон Македонија. Прекинот, кој ќе почне утре во шест часот наутро, ќе биде поради најавен штрајк на Федерацијата на царински службеници на Грција.

За време на дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Границата единствено дозволено ќе биде да се помине пеш, иако не е исклучена можноста во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Исто така, велат дека исклучоци ќе има за товарните возила доколку се пренесуваат пратки коишто поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

За штрајкот на грчките царински службеници пред два дена на официјалната фејсбук-страница соопштија и од грчката амбасада во Скопје.

„Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година и ги повикаа сите заинтересирани страни да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“, се наведува во објавата.

ПретходнаЛошата вест брзо се прошири: Почивај во мир Билјана
СледнаНАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во Арачиново, првични информации дека има и застрелани меѓу луѓето кои биле во придружба