ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во Арачиново, првични информации дека има и застрелани меѓу...

НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во Арачиново, првични информации дека има и застрелани меѓу луѓето кои биле во придружба

419

Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во Арачиново, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина.

Повредено е најмалку едно лице кое било во придружба на градоначалникот односно било дел од обезбедувањето. Ранетиот е префрлен во Ургентниот центар.

Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.