ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лошата вест брзо се прошири: Почивај во мир Билјана

Лошата вест брзо се прошири: Почивај во мир Билјана

3113

Сојуз за младинска работа напиша:

Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска.

Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко. Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и Генерален секретар, Билјана предводеше многу процеси за признавање и развој на младинската работа.

Заедно преживеавме многу битки, доживеавме големи успеси и разочарувања, водевме безброј дискусии, и никогаш не престанавме да сонуваме за иднина во која секој млад човек ќе ја добива поддршката што ја заслужува. Како вистински борец, до самиот крај беше покрај нас и ни помагаше да ги планираме наредните чекори. Уште долги години многу младински работници ќе учат од материјалите што Биле ги напиша, и ќе ги користат можностите што таа ги создаде.

Биле, огромна привилегија е што те имавме!

Сочувство до семејството, и нека ти е светол патот.

ПретходнаГрадежници од Косово го преплавија Скопје – градат куќа за само 7 дена, наплаќаат 300 евра по квадрат
СледнаСообраќајот на граничните премини ќе биде во прекин – штрајк на грчките цариници