ПОЧЕТНА СВЕТ Победа на противниците на Ердоган во Анкара и Истанбул

Победа на противниците на Ердоган во Анкара и Истанбул

134

Актуелниот градоначалник на Анкара и кандидатот на главната турска опозициска Републиканска народна партија, Мансур Јавас, денеска прогласи победа на изборите за градоначалник на турската престолнина, врз основа на првичните резултати, кои покажаа водство пред неговиот ривал од владејачката Партијата за правда и развој (АК) за речиси 20 проценти.

Во исто време, актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој исто така се кандидираше за реизбор како кандидат на опозицијата, рече дека е „многу среќен“ поради првите резултати од изборите за градоначалник во најголемиот град во земјата, врз основа на речиси 40 отсто од преброените гласачки ливчиња.

Претходно турската телевизија НТВ објави дека Имамоглу има поддршка од 49,09 отсто од гласачите врз основа на 3,67 отсто од обработените гласачки ливчиња, пренесе Ројтерс.

Како што објави турското министерство за здравство во при инцидент на локалните избори едно лице загина, а 12 се повредени во Дијарбекир, град со претежно курдско население.

-За време на изборите дојде до судири меѓу две групи при што едно лице загина, а 12 се повредени, информираат локалните власти.

Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои повеќе од 61,4 милиони гласачи се поканети да изберат функционери во 81 турска провинција, општина и град, вклучувајќи ги и најголемите.

ПретходнаИнтерпол активираше жолт аларм за Данка Илиќ по која се трага веќе шести ден
СледнаКај малолетничка пронајдена марихуана, нејзините родители на разговор со полицијата