ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Касами: Али ја изгуби контролата

Касами: Али ја изгуби контролата

117

Претседателот на Движењето БЕСА, дел на коалицијата ВРЕДИ, денеска на отворањето на седиштето на оваa коалиција во Струга, истакна дека Али Ахмети целосно ја изгубил контролата.

„Изгледа дека Али целосно ја изгубил контролата и вели дека сите заедници се бореле во 2001 година, а доаѓајќи овде со мојот пријател Фатмир, постави многу логично прашање, тој рече види кои се убиените, види кои се ранетите и ќе видиме кој се борел во 2001 година, Албанците се бореа, се бореа за сите заедници, се бореа за правата на Турците, Ромите и за правата на Бошњаците и на сите заедници“, рече Касами.