ПОЧЕТНА СВЕТ Интерпол активираше жолт аларм за Данка Илиќ по која се трага веќе...

Интерпол активираше жолт аларм за Данка Илиќ по која се трага веќе шести ден

175

Денеска во одредени српски медиуми беше пласирано и видео на кое постојат сомнежи дека се наоѓа токму двегодишното девојче Данка Илиќ во придружба на две жени од романска националност во главниот град на Австрија, Виена, но се уште нема потрвда за автентичноста на видеоснимката.

Меѓународната полициска организација Интерпол на својата интернет страница објави дека активирала жолт аларм за Данка Илиќ која исчезна пред шест дена во околината на градот Бор во источна Србија. Овој аларм се вклучува за исчезнати лица и претставува глобално полициско предупредување за најблиските на исчезнатото лице, за киднапирања или пак за исчезнувања од необјаснети околности.

Додека српската полиција, спасувачи и доброволци веќе шести ден трагаат по Илиќ во околината каде што таа била за последен пат видена, утринава беше објавена видеоснимка за која се вели дека постои сомнеж дека на неа е токму исчезнатото девојче во придржуба на две жени од Романија во главниот град на Австрија, Виена. Засега нема потврда за автентичноста на снимката или пак за тоа дали на неа навистина е исчезнатата Данка Илиќ.

Српската полиција ги проверува снимките, а според српските медиуми, во текот на ноќта за постоењето на оваа снимка биле известени и Европол и австриската полиција.

рпскиот претседател Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утринава рече дека полицијата работи напорно за расчистување на случајот и за пронаоѓање на исчезнатото девојче, велејќи дека синоќа се појавила нова трага.

ПретходнаНАЈНОВО: Пронајдена Македонката која беше исчезната – ова се деталите
СледнаПобеда на противниците на Ердоган во Анкара и Истанбул