ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА ЕК бара Македонија да врати над 2 милиони евра потрошени за измами!

ЕК бара Македонија да врати над 2 милиони евра потрошени за измами!

21

Европската комисија бара од Македонија да врати над 2 милиони евра потрошени за наводни измами од „Еразмус плус“.

Имено, на крајот од минатата година пристигнало известување од европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ со барање за поврат на средствата од националната образовна агенција.

Оваа информација денеска ја истакна директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, кој рече дека информативното писмо е пристигнато од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија.

„Во известувањето бевме информирани дека постојат неправилности во проектни досиеа на 22 корисници на грантови од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бара 2.276.212 евра кои биле доделувани како грантови од 2016 до 2018 година“, вели Ѓоргиевски, и додава дека имало со состаноци со институции, а прашањето било поставено и на владина седница.

Управата за финансиска полиција потврдила дека е пристигнат извештај од ОЛАФ и истиот бил доставен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Во март добивме известување за конечноста на одлуката согласно извештајот. Во тек е предистражна постапка на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и ќе ве замолам за разбирање што повеќе нема да можам да споделувам детални информации“, вели Ѓоргиевски.

Претходна(ВИДЕО) УЖАС: Родителите на Данка повторно во полиција, се прекопува во близина на куќата
СледнаСобранието му испрати порака на НАТО дека сме сигурен сојузник, Левица беше против