ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УДАРНА ВЕСТ: Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат...

УДАРНА ВЕСТ: Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси

331

Министерот истакна дека, според информациите со кои во моментов располага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Две лица се приведени, а полицијата врши претреси во врска со случајот во кој убиен беше доктор во кругот на поликлиниката Железара.

Ова вечерва го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој посочи дека за овој предмет СВР Скопје вложи огромна енергија.

-Во овој предмет се преземени над 20 истражни дејствија по наредба на јавен обвинител. Разгледани се преку 50-тина видео записи. Во овој момент се постапува по наредба се врши претрес, имаме осомничени лица за настанот. Има материјални траги кои водат до осомничените, а приведени се две лица, нагласи Тошковски.

Министерот истакна дека, според информациите со кои во моментов располага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

ПретходнаНа двојните избори на 8 мај ќе може да се оди само еднаш на гласање
СледнаПроменливо облачно со врнежи од дожд, попладне намалување на облачноста