ПОЧЕТНА СВЕТ Миликиќ: Потрагата по Данка продолжува вечерва, ќе имаме пет дронови и полициски...

Миликиќ: Потрагата по Данка продолжува вечерва, ќе имаме пет дронови и полициски кучиња

102

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ изјави дека екипите кои го пребаруваат теренот по двегодишното девојче кое денеска исчезна во Бор се уште се ангажирани и дека потрагата ќе продолжи во текот на ноќта.

„Ќе продолжиме и вечерва, ќе бидат вклучени уште три дрона од полицијата и два дрона од приватни компании кои имаат термални камери. Во потрагата ќе бидат вклучени и кучиња обучени за пребарување“, изјави Миликиќ.

Во текот на денот, од исчезнувањето на девојчето нешто пред 14 часот, додава Миликиќ, во потрагата учествувале повеќе од 350 лица.

ПретходнаБезалкохолното пиво е најприродна опција за рехидратација по вежбањето
СледнаБИДЕТЕ ВО ТЕК: Овој патен правец денес во Македонија ќе биде затворен – не патувајте од таму