ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите...

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

521

Граѓаните кои сакаат да купат јагне за празникот Велигден, ќе треба да потрошат околу 100 евра. Како што велат сточарите, големината на јагнето и квалитетот ја дефинираат цената. Според нив, кога купуваат, граѓаните гледаат да поминат поевтино. Сепак, сточарите се надеваат на подобри времиња.

„Се купува, ама најискрено не е како порано. Последниве години е криза, слабо е, тешко се одлучуваат за јагне. Повеќето бараат преку цела година за курбан, а пред празниците ретко“, вели Мирсад Дрндар, сточар.

И оваа година како и претходните, македонското јагне заврши на странски пазар, најчесто на италијанскиот, а дел ќе се продаде на домашниот пазар.

„Од фармер најскапото е 300 денари за килограм жива мера. Ако фармерот го заколе, цената е од 450 до 550 денари за килограм. Зависи кое јагне, според квалитетот. Прва класа ќе изнесува 450 до 480 денари килограм, млечно, младо јагне. Втора класа е ако јагнето жива мера е над 20 килограми. Тоа е до 530 денари, ако го земаат од фарма, а во кланица е поскапо, над 600 денари за килограм. Од фарма е поевтино и купувачот ќе види кое јагне го сака. Купуваат и од фармери директно, ако има јагниња. На граѓаните им е скапо, на нас евтино. Нас ни е поволно да дадеме поголема количина на кланиците“, вели Скендер Аме од Здружението на сточари Даши од Дебар.

Друг сточар објаснува дека нема голем интерес за одгледување на стока и купувачите треба да се навикнат дека цените мораат да бидат повисоки.

Целиот текст на ФАКТОР.мк – клик ТУКА

ПретходнаЏафери: Утре ќе разговарам со директорот на ЦУК
СледнаХАОС: Голем мост во Балтимор се урна по удар на брод, на него имало автомобили