ПОЧЕТНА СВЕТ ХАОС: Голем мост во Балтимор се урна по удар на брод, на...

ХАОС: Голем мост во Балтимор се урна по удар на брод, на него имало автомобили

143

Денес во американскиот град Балтимор, во државата Мариленд, се урнал голем мост откако во него удрил брод, кој потоа се запалил. Мостот Френсис Скот Ки е дел од патните правци кон југ и север на автопатот Interstate 695,

Според извештаите на локалните медиуми, големиот брод удрил во мостот околу 1:30 ноќе. Бродот прво се запалил, а потоа мостот се урнал.

Со мостот во реката Патапско паднале неколку автомобили. Уривањето на мостот го снимиле надзорните камери. Засега не се знае дали има загинати и/или повредени.

ПретходнаСЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?
СледнаСвечена владина седница по повод годишнината од членството на Македонија во НАТО