ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИГУРНИ СТЕ ДЕКА БЕШЕ ИСИС, А НЕ ЗЕЛЕНСКИ? Захарова го впери прстот...

СИГУРНИ СТЕ ДЕКА БЕШЕ ИСИС, А НЕ ЗЕЛЕНСКИ? Захарова го впери прстот кон Вашингтон за нападот во Москва

392

По нападот „Крокус сити хол“ во Москва, САД се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска држава (ИД, ИСИС) којашто е забранета во Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Американските политички инженери се појавија со своите приказни дека терористичката група ИСИС го извршила нападот во „Крокус сити хол“. Оттука доаѓа и секојдневното спасување од страна на Вашингтон, од неговите одделенија во Киев, со обид да се покрие себе и да го покрие режимот на Зеленски што го создадоа со плашилото на забранетата ИСИС – додаде портпаролката.

Захарова истакна дека голем број фактори директно и индиректно укажуваат на вмешаноста на американските власти во спонзорирањето на украинскиот тероризам.

– Милијарди долари и невидено количество оружје инвестирано без одговорност и со употреба на корупциски шеми во режимот во Киев, агресивна реторика во однос на Русија, бесен национализам, забранување мировни преговори за Украина, одбивање да се осудат повеќегодишните терористички напади извршени од режимот во Киев и масовна информативна и политичка поддршка на која било акција на Зеленски, дури и ако е најгрозоморна – наведе таа.

Портпаролката исто така истакна дека интервенцијата на САД во блискоисточните земји претходно доведе до појава, зајакнување и до институционализирање на голем број радикални и терористички групи кои сѐ уште се активни во регионот.

– Можеби ќе прашате која е логиката. Пари и моќ. А имајќи ја предвид меѓународната правна забрана за директни интервенции, станува збор и за сеење „контролиран хаос“ и преобликување на светскиот поредок со рацете на терористите. Внимание, прашање за Белата куќа. Сигурни ли сте дека тоа беше ИСИС, нема ли да се премислите подоцна ?- праша Захарова.