ПОЧЕТНА СВЕТ Мислевте дека зимата помина? Се излажавте! Снегот е присутен на повеќе локации...

Мислевте дека зимата помина? Се излажавте! Снегот е присутен на повеќе локации – ЕВЕ КАДЕ

2280

Иако според календарот зимата заврши, вчера на повисоките делови во Србија падна снег, па така забеле на Златибор и Дивчибара. Според видеата објавени на социјалните мрежи, на пат кон Ужице во попладневните часови имало колапс на сообраќајот поради снегот.

Според актуелното предупредување на Управата за хидрометеоролошки работи студениот фронт денеска ќе ја зафати и Македонија, па така денеска претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На повисоките планини особено на северот врнежите ќе бидат од снег.

Најавената промена на времето претходно пристигна во поголем дел од регионот, а снег падна и во Словенија, делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.

На патиштата во Словенија се вратија возилата за отстранување на снег, а Сообраќајниот информативен центар предупредува дека возилата ќе мора да бидат опремени со зимска опрема и по 15 март во зимски услови.

Во текот на ноќта кон неделата снег падна и во Загреб, што доведе до создавање на тенок слој снежна покривка. На Сљемен снежната покривка достигна 25 сантиметри, а лапавица имаше и во пониските региони на Хрватска, пренесува Index.hr.

Снег вчераутро падна во Бања Лука, а со оглед на тоа што во саботата температурата беше над 20 степени, голем број жители на Бања Лука беа изненадени од снегот, објави Независне новине. Снег од раните утрински часови во неделата паѓаше на некои планини во Босна и Херцеговина, кој најверојатно ќе продолжи и во наредните денови.

ПретходнаЛошата вест се потврди: Почина Мирко Попов
СледнаКој прв, а кој седми, ждрепката во ДИК ќе го определи редоследот на гласачкото ливче