ПОЧЕТНА СВЕТ Има сѐ повеќе теории за масакрот во Москва, Путин подготвува одговор

Има сѐ повеќе теории за масакрот во Москва, Путин подготвува одговор

195

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Подмосковје изјави дека „сите извршители на терористичкиот напад се пронајдени и приведени“. Тој ја повтори верзијата на ФСБ во која се споменува поврзаност на терористите со Украина. Кремљ тврди дека терористите се обиделе да се скријат на територијата на Украина и дека на границата е подготвен „прозорец“ за влез во таа земја.

Украина негира вмешаност во акцијата, а најгласен беше претседателот Зеленски, кој ја обвини Москва дека ја користи Украина за секоја криза во земјата.

Зеленски објави видеоизјава во која ги отфрла тврдењата на Владимир Путин дека земјата имала вмешаност во неодамнешниот масакр на концертот во Москва.

И покрај тоа што ИСИС ја презеде одговорноста за нападот, Кремљ сепак најде начин да го впери прстот кон Украина, рече Зеленски.

„Наместо да се грижи за своите руски граѓани и да им се обрати, овој апсолутно мизерен Путин цел ден молчеше, размислувајќи како да го поврзе ова со Украина“, им рече тој на следбениците.

„Оние стотици илјади Руси што сега убиваат на украинска територија сигурно ќе беа доволни за да запрат какви било терористи. А ако Русите се спремни молкум да умираат во Крокус холови, и да не поставуваат прашања до своите безбедносни и разузнавачки агенции, тогаш Путин ќе се обиде да ја сврти ваквата ситуација повторно во своја корист. Терористите секогаш мора да губат. Му се заблагодарувам на секого што вистински го брани животот“, порача Зеленски, пренесе британски Индипендент.

Што се знае досега?

Откако ја извршиле акцијата, терористите побегнале со автомобил. На надзорните камери се појавува автомобилот, кој, според официјалните извештаи, бил запрен во Брјанскиот регион. Ова покажува дека е поверојатно дека терористите бегале во правец на Белорусија, а не на Украина. Покрај тоа, белоруските безбедносни сили помогнаа во фаќањето на терористите. Автомобилот со осомничените терористи е фатен во селото Теплиј, кое се наоѓа на 43 километри од Белорусија и на 120 километри од Украина.

Според достапните информации, осомничените терористи се државјани на Таџикистан, а фотографиите од нивните документи набрзо почнаа да кружат по каналите на Телеграм. За ова прашање се огласи и официјален Таџикистан, кој тврди дека Москва сѐ уште не контактирала со нив, ниту потврдила дека се државјани на Таџикистан.

ПретходнаТешка сообраќајна несреќа на патот кон Љуботен: 12 повредени меѓу кои три деца
СледнаДали интимните односи за време на постот се грев? Многумина се во голема дилема, а еве што велат поповите