ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЦО на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник

ЦО на ДОМ ја избра Морачанин за кандидат за пратеник

62

На денешната седница, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука претседателката на ДОМ, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник од ДОМ, на шестата позиција во првата изборна единица, на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ.

Членовите на ЦО изразија задоволство од прифаќањето на барањата од ДОМ поврзани со заштитата на животната средина и климата, од страна на кандидатот за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски и донесе одлука за поддршка на неговата кандидатура.

На седницата беше избран Централниот извршен штаб на ДОМ, со кој ќе раководи генералниот секретар Зоран Зориќ.

Претходна(Видео) Ова 15 годишно момче е херој на Русија: Спаси повеќе од 100 луѓе од масакрот во Крокус во Москва, прогласен е за херој
СледнаКај Арачиново маж погоден со куршум во главата