ПОЧЕТНА СВЕТ ВИДЕО: Четири лица со палки и шипки претепаа маж во сервис за...

ВИДЕО: Четири лица со палки и шипки претепаа маж во сервис за автомобили во Корча

1080

Четири лица со шипки и палки нападнале 30-годишен маж попладнево во Корча.

Настанот се случил во сервис за автомобили, каде лицето влегло за да им побегне.

Објавено е и видео во кое може да се види како момчињата со шипки и палки трчаат кон мажот и потоа го удираат, а потоа си заминаа.

Нападнатиот е во регионалната болница во Корча, и засега не е во животна опасност.

Полицијата веќе ги идентификуваше сторителите.

Според полицијата, тепачката меѓу нападнатиот и напаѓачите почнала на 14 февруари, кога 30-годишниот маж со неговиот брат удриле еден од напаѓачите.