ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Обвинителство: Убиен со неколку убодни рани, се обезбедуваат снимки од камери и...

Обвинителство: Убиен со неколку убодни рани, се обезбедуваат снимки од камери и анализа на сите траги од местото на убиството

300

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани.

Телото на починатиот го пронашол неговиот син.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор.

Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.