ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Со лажен извод и лажен матичен аплицирале за пасош, кривична пријава за...

Со лажен извод и лажен матичен аплицирале за пасош, кривична пријава за скопјани

226

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против К.Н.(33) од Скопје, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик и против М.К.(30) и Ј.М.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина ” по член 380 од Кривичниот законик.

„Првопријавениот, вработен на работно место помлад референт-матичар, по претходен усмен договор со второ и третопријавените, без примено писмено барање за издавање на извод од матичната книга на родени, изготвил и заверил со свој потпис и службен печат извод од матична книга на родените за нивното малолетна ќерка, во која внел невистинити податоци, односно матичен број кој бил непостоечки“, информираат од полицијата.

Таквиот извод тие го употребиле во Одделението за управни работи Скопје како прилог на барањето за издавање на патна исправа на малолетната ќерка.