ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

83

Најстудено утрово е во Берово – 6 степени, -3 степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -1 во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

ПретходнаСефери: Поставив рекорд со Македонија, ме сакаа по секоја цена, но кога Албанија ме повика не размислував два пати
СледнаМладите лекари излегуваат на протест, бараат достоинствени плати