Скендер Реџепи Зејд, кој вчера ја официјализираше коалицијата со ДУИ и Али Ахмети пред само 3 години беше против политиките на ДУИ и Ахмети. Тој на митинг во Чаир рече дека Али Ахмети и ДУИ идеолошки им припаѓаат на Белград или Москва. Но сепак политиката е менлива работа како и размислувањата на Реџепи.
„Ќе ги замолам Али Ахмети и командантот ‘Полжав’ кои се високо на небото, за момент да се симнат на земјата затоа што животот на луѓето не се песни и хумор. Животите на луѓето се болка, тага, трагедија што ја сееја на земја 20 години и 20 години остана на небото со надеж дека ветерот ќе ги однесе таму каде што идеолошки им е местото во Белград или Москва затоа што албанските краишта им припаѓаат на албанските синови“, велеше Реџепи.