Музичарот Мирко Попов во вторникот бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори да го спаси.
Еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика Мирко Попов (51), во вторникот бил хоспитализиран на една од скопските клиники поради тежок облик на мозочен удар и се бори за својот живот, објави Музика 24.
Попов бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори да го спаси. Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крвавење.
Мирко Попов е македонски ди-џеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимава уште од 1980-те години.