Две лица се во болница откако биле нападнати од мечка во словачкиот град Липтовски Микулаш, соопштија од итните служби, пренесува Би-Би-Си.
49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, додека 72-годишен маж се здобил со рана на главата. Извештаите велат дека полицијата ја бркала мечката надвор од градот и во шумата.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како мечката скока преку патот и во еден момент се нафрли на човек на тротоарот. Градот прогласи вонредна состојба, пишува CBS.
Веста доаѓа еден ден откако 31-годишна Белорусинка почина обидувајќи се да избега од кафена мечка во планините Ниски Татри.
‼️🐻 Bear in the center of Liptovský Mikuláš #ThisIsSlovakia
🎥: Marika Trnkova Bizubova / Facebook #medved #bear #medvednica #medveď #slovensko #slovakia #liptovskymikulas #danger #wildlife #animal #bears pic.twitter.com/kx76SmFJUZ
— This Is Slovakia (@ThisIsSlovakia_) March 17, 2024