ПОЧЕТНА ЗАБАВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Студот се враќа

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Студот се враќа

953

Времето денеска претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На планините, во текот на денот, се очекува врнежите да бидат од снег. Ќе дува и умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе биде од 2 до 9 степени, а во текот на денот од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 6 степени, а максималната ќе достигне 12 степени.

Според прогнозата од УХМР, од утре се очекува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои на некои места ќе се спуштат под нула степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ПретходнаВОНРЕДНО: Ако денес патувате кон Бугарија – еве што да очекувате на патот
СледнаЕрменскиот премиер: Ако кажеме „не“ на Азербејџан, на крајот на неделата ќе започне нова војна