ПОЧЕТНА СВЕТ Кулемзин: Три деца погинаа во украински напад врз Доњецк

Кулемзин: Три деца погинаа во украински напад врз Доњецк

47

Три деца загинаа во напад врз Доњецк, град во источна Украина што е под контрола на руските сили, изјави денеска градоначалникот Алексеј Кулемзин.

„По варварскиот ноќен напад на ’украинските нацисти’ во населбата Петровски од нашиот град, една куќа беше гаѓана и запалена. Убиени се три деца“, напиша Кулемзин на Телеграм.

Нападот се случи на денот кога почнуваат претседателските избори во Русија, кои ќе траат до недела. Победата на актуелниот претседател Владимир Путин се очекува поради отсуството на опозицијата.

Гласањето се одржува и во четири украински региони припоени од Русија во 2022 година и делумно контролирани – Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск.

Украинската дипломатија, меѓутоа, вчера повика на отфрлање на резултатите од гласањето, кое го опишува како „фарса“.

ПретходнаНајмалку 39 повредени во торнадо во САД
СледнаПочнаа претседателските избори во Русија