ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР КК Чаир: Наводниот „инцидент“ е фикција на противничкиот тим, губат па измислуваат...

КК Чаир: Наводниот „инцидент“ е фикција на противничкиот тим, губат па измислуваат работи

38

Кошаркарскиот натпревар меѓу Чаир 2030 и МЗТ, не заврши, откако гостинската екипа оди да излезе на теренот во второто полувреме.

Во полувремето од натпреварот кошаркарите и стручниот штаб на МЗТ биле нападнати на патот кон соблекувалната.

Домаќините на овој натпревар, демантираат дека гостите биле нападнати.

„Супер натпревар, брилијантна атмосфера, преполна сала, забавна вечер за паметење која долго ќе остане во нашите сеќавања, со што уште еднаш се потврди дека Чаири бил и ќе биде спортско гнездо, Што се однесува до вестите и лагите кои кружат, целосно ги демантираме со факти каде целиот натпревар е снимен од сите агли од многу медиуми.

Наводниот „инцидент“ е фикција на противничкиот тим каде, како и секогаш, во моментот кога гледаат дека губат, измислуваат работи кои не се точни. Гарантираме дека во ниеден момент немало физички контакт, од моментот кога пристигнаа па се до моментот кога заминаа од салата“, се вели во објавата на КК Чаир 2023 на „Фејсбук“.

ПретходнаНова опасност: Можна епидемија од морбили
СледнаЕскобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ