ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску...

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

144

Претседателството на ДУИ го овластило лидерот Али Ахмети да преговара со сите политички партии и граѓански организации за поддршка и за парламентарните и за претседелските избори, но преговорите за предизборна коалиција со СДСМ се уште траат и договор нема на повидок.

– Во однос на претседателството на ДУИ, авторизиран е лидерот Али Ахемти да преговара со сите партии, организации, тоа веќе го прави тој, а ние сме организирани по штабови, победата не се ни дискутира, туку само разликата во гласови во однос на другите партии од албанскиот блок.

Во делот на парламентарните избори, ДУИ согласно сите анкети е победник во албанскио блок, за коалицирањето со СДСМ не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно е што кога победува ДУИ, победуваат граѓаните – истакна Бектеши.

Запрашан дали неговиот лидер ќе се повлече од политиката ако ДУИ ги изгуби изборите, Бектеши ги повика партиите да направат предизборен договор тој што ќе загуби да не се занимава повеќе со политика.

– Еве повикувам да направиме договор тој што ќе загуби да не се занимава повеќе со политика, еве ние фрламе ракавица, ова важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Нека повелат јавно да потпишеме тој што ќе изгуби ибори, нека не се занимава со политика. Сите лидери загубиле избори повеќе пати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил избори и нема ни да изгуби – додаде тој.