ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тројца мажи тепале две жени со дрва и цевки: им се заканиле...

Тројца мажи тепале две жени со дрва и цевки: им се заканиле и дека ќе ги убијат

673

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

ПретходнаТошковски му врати на Џафери за поништените одлуки – Ај што сте неинформирани, па уште сте и дрски
СледнаГ.г. Стефан: Македонскиот народ е пиреј – трева што не умира и ништо не ја ништи