ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се кројат “пратеничките листи“ – ова се најдновите информации

Се кројат “пратеничките листи“ – ова се најдновите информации

197

Политичари, министри, пратеници кој се и во која функција ќе продолжиме да го гледаме по изборниот процес, но и кои од подзаборавените повторно на голема врата може да се вратат во политиката откако веќе се поизвесни се имињата кои ќе се најдат на изборните листи но и погласни се шпекулациите за оние кои само треба да се официјализираат.

По заслуга за сработеното или по однос на тоа кој е поблизок со партискиот лидер на партијата од која доаѓа. Денеска одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема министерката за одбрана Славјанка Петровска која најевројатно во 6 ката ќе го трча изборниот процес со најголем дел од лидерите на партиите од Албанскиот блок но тука е и Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ иако официјално не ја потврди информацијата во исчекување за официјализирање на листите посочи дека ќе ја почитува одлуката на партијата и дека е спремна да се носи со новите предизвици.

Се погласно во јавноста се шпекулира дека на изборните листи на СДСМ во четворката како предводник ќе се најде името Венко Филипче а негова коносителка треба да биде и Јована Тренчовска таму силите ќе ги мерат со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и листа која тој ја предводи.

И дел од пратениците од актуелниот пратеничкиот состав во гостување на ТВ 24 не ја исклучуваат можноста за нови изненадувања но некои од нив и најавија дека нема да се најдат на изборните листи за пратеници.

И додека се очекува најголемата битка да се води во единицата каде речиси се сите лидери на партиите од македонскиот политички блок како Миуцковски, Ковачевски, Апасиев, Арсовска.

Во двојката копјата ги вкрстуваат Арбр Адеми, иако дел од функционерите на ДУИ не го исклучувата Садула Дураку, опзициските бои ќе ги брани и Африм Гаши, додека битката во македонскиот кампус ќе ја бие Сања Лукаревска со Владо Мисајловски.

Во тројката се очекува битка меѓу Оливер Спасовски, и Драган Ковачки, грбот на Спасовски ќе му го чува Љупчо Николовски, на Ковачки-Никола Мицевски.

ДУИ во 3 ка пак игра на активистот Сулејман Баки.

Петката за сега останува како најдискутабилна таму носители дефинирнио нема ниту од ДУИ кои ја чуваат за Зијадин Села, доколку тој и официјално се приклучи на блокот на Ахмети. Носител, нема ниту албанската опозиција, Села доколку истрча сам пак планира да оди со актуелниот заменик во одбрана Тирон Јахјага. Ситуацијата е чиста за СДСМ како што објави веќе ТВ 24, собранискиот спикер Јован Митрески е изборот на Бихачка.