ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Синдикат на МКЦ: Од сопствените средства на МКЦ можат да се исплатат...

Синдикат на МКЦ: Од сопствените средства на МКЦ можат да се исплатат договорите на хонорарците

106

Во текот на вчерашниот ден, 7 март се одржал состанок на Синдикалната организација на МКЦ со цел изнаоѓање на решение во врска со последните случувања во институцијата за непродолжувањето на договорите на 30-тина повеќегодишни хонорарно ангажирани лица.

На состанокот, вработените во ЈУ Младински културен центар како синдикална организација по консултација со правни лица, доставиле барање до Државната комисија за спречување на корупција како најповикана институција, Градот Скопје, Министерството за култура, Советот на Град Скопје како и директорот и Управниот одбор на МКЦ со диференцијално толкување на спорниот член поради кој не беа продолжени договорите на хонорарно ангажираните лица во МКЦ, а поради кој е попречено нормалното функционирање на институцијата.

-По препорака на Државната комисија за спречување на корупција за примена на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, договорите на 30 лица кои беа хонорарно ангажирани Младинскиот културен центар Скопје не им се продолжени. Со оглед на тоа дека со ваквата препорака и подоцна донесена одлука, редовно ангажираните 30 лица остануваат без работа и се оневозможува понатамошното вршење на дејноста на Младинскиот културен центар Скопје, должни сме да укажеме на одредени законски одредби кои или не се земени предвид или истите погрешно се протолкувани, а кои треба да доведат до сосема поинаква препорака. Согласно посочениот член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, изборот на Претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори, велат од Синдикалната организација на МКЦ.

Меѓутоа, додават оттаму, согласно Законот за буџетите, буџетот на единките корисници се состои од основен буџет, буџет на донации, буџет на заеми и буџет на самофинансирачки активности.