ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Напади на руско тло: Русите кои се борат на страната на...

(ВИДЕО) Напади на руско тло: Русите кои се борат на страната на Украина упаднаа пак во Русија

256

Руските партизани зазедоа руско село и велат дека војниците на претседателот Владимир Путин бегаат.

Борците на Легијата на слободата на Русија, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон соопштија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби во кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во државната Дума, ги потврди извештаите за жестоки борби на руско тло.

„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи тешка опрема зад себе“, беше објавено на каналот на Легијата за слобода на Русија.

На видеото се гледа како неколку војници бегаат. Слични информации се објавени и на каналот на рускиот волонтерски корпус. Инаку, ова не е првпат руските партизани да влезат на руска територија и да вршат напади. Тоа се случуваше и претходно, а имаше и жртви. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.