ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Таткото на Вања денеска на суд – трет обид да се брани...

Таткото на Вања денеска на суд – трет обид да се брани од слобода

343

Во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, оформен е предметот ВКЖ1-11/24, по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор. Ѓорчевски треба да биде спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка во судот.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година“, објавија од Врховен суд.

Ова следува откако Ѓорчевски бараше ослободување од Кривичен и Апелација, но беше одбиен. Адвокатот Туфегџиќ кажа дека верува во неговата невиност и дека се прави уште една голема трагедија, покрај убивањето на Вања.

ПретходнаГОТОВО Е: Бајден ја обезбеди номинацијата, на повидок ново соочување со Трамп
СледнаДиректорот на ЦСР во Радовиш по дрогата, приведен и за напад на полицајци