Кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ ја продолжува кариерата во НБА, откако Вашингтон реши да го искористи правото и да го однесе во најсилната кошаркарска лига на светот. Американскиот тим ќе плати отштета за младиот кошаркар, но тоа нема целосно да оди на Партизан – дел од парите одат на сметката на Реал Мадрид, за кој Вукчевиќ настапуваше пред да пристигне во Белград.
Наводно, Партизан и славниот шпански клуб ќе ја поделат отштетата во висина од 1.200.000 евра подеднакво, што значи дека двата тима од овој трансфер ќе добијат по околу 600.000 евра. Останува да видиме каков е планот на Вашингтон со младиот кошаркар и дали до следната сезона ќе играат со него преку Развојната лига, откако во текот на Летната лига подетално се уверија во неговите квалитети.