ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Цистерна со плин излета од пат во близина на Битола, се чека...

Цистерна со плин излета од пат во близина на Битола, се чека механизација за нејзино подигнување

136

Цистерна со плин излетала од пат во близина на битолското село Варашејца, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Незгодата, според регионалниот ЦУК Битола, се случила претпладнево околу 09:30 часот.

„Известени се ТППЕ Битола којашто прати четворица пожарникари со една противпожарно возило, а МВР Битола се веќе на терен. Возачот на камионот е лесно повреден и пренесен е во клиничката болница во Битола. Се чека механизација за подигнување на цистерната“, информираат од ЦУК.

Од битолската полиција за Телма информираат дека нема истекување на плин од цистерната.